• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

SLOWSCAPES 3: Изложба на македонски дизајн и мода од 17 до 21 декември во „Акантус“

Од stylist @StylistMKD · На декември 12, 2019

slowscapes

Во вторник, 17 декември, во 12 часот, во галеријата „Акантус“ во Скопје ќе биде отворена групната изложба насловена како „Slowscapes“. Македонските модни брендови Арма, Петел Паун, Лудус, Марта Пејоска, Нина Нине, Кактус, Јована Филиповиќ и Ивана Секуловска (Factory Girl) ќе ги понудат на продажба своите најнови колекции во амбиент пригоден за престојните празници.

Ова е трето издание на изложбата курирана од Драган Христов кој стои зад брендот Лудус и сега веќе прераснува во познато место на скопската публика каде најдобрите македонски дизајнери за прв пат ги претставуваат новите колекции за актуелната сезона. Внимателната селекција на брендови кои го застапуваат “slow fashion” движењето кај нас и се спротиставуваат на модната индустрија ќе биде надополнета овој пат со неколку нови брендови што исто така имаат одговорен и еколошки пристап во работата.

Арма Амра Исмани

AЯMA е бренд основан од Амра Исмани, изграден врз темелите на париската модна школа која се базира на иновативност во дизајнот и беспрекорност во изработката. AЯMA суптилно ја спојува незаузданата креативност со строгото моделарство за да понуди ненаметлива убавина која се противи на објектификацијата на женското тело. Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, AЯMA е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика.

Капсулната колекција со која ќе се претстави на Slowscapes го носи името Pars pro toto. Составена од креации што меѓусебно се вклопуваат формирајќи еден единечен мозаик.

Парчињата се изработени од природни материјали како свилено кадифе, свилен тафт, памук и волна.

Кактус 1
Брендот Кактус започнат во 2016та година е спој на различните професии на дизајнерките Еми Ермилова и Сандра Мојсова, кои графичкиот дизајн и архитектурата ги пресликуваат во минималистичкиот моден дизајн. Концептот е фузија на уличниот стил и енергични бои, а во основата е изборот на квалитетни материјали кои се доработени со рачна изработка почитувајќи го локалното производство и традиција.

Somnium e најновата колекција со која брендот ќе се претстави на Slowscapes. Таа е реализирана во соработка сo графичкиот дизајнер Мартин Митровски.

factory girl Ивана Секулоска

Factory girl е млад бренд започнат во 2016 година од графичката дизајнерка Ивана Секулоска. Нејзините флуидни интереси кои се движат во различни полиња на ументоста и дизајнот, за сега земаат форма на колекција на накит од отпадни парчиња плексиглас кои дизајнерката ги користи во лични експресивни форми. Резултатот е прочистена линија на минималистички обетки и ланчиња во палета што е својствена за графичката современа уметност.

Колекцијата „Flamboyance“ се состои од обетки, графички форми кои индивидуално припаѓаат на светот на современата уметност.  Изработени од остатоци од плексиглас, еколошката колекција е изработена во палета од бои како белата, црната и сина.

Јована Филиповиќ (2)

По две годишна пауза, Јована Филиповиќ ке ја презентира новата колекција на наречена ID – entity, инспирирана од војничката униформа, значењето на униформата не само како форма и боја, туку можноста таа да даде различен идентитет, став, држење и пред се моќ и контрола.

Јована Филиповиќ креира колекции кои ќе бидат уникатни, вонвременски, носливи и пред се ќе бидат суптилен, а воедно и многу моќен, комплементарен додаток на женското тело.

Урбаниот сензибилитет на брендот отсликува елементи инспирирани од машката мода, суптилно преведени во софистицирани и лежерни парчиња со минималистички крој и чисти линии, направени од внимателно одбрани висококвалитетни материјали.

Марта Пејоска

Марта Пејоска е архитект кој твори во полето на дизајнот. Основниот медиум кој го користи е сребрената жица со која создава архитектонски конципирана нослива уметност во форма на накит, а матичната техника е филигранската техника. Нејзината амбициозност и љубопитност се дел од процесот и развој како уметник, со посебен акцент на современиот уметнички накит и дизајн. Сето ова резултира со потребата од постоење на уметничка галерија за современ накит и филигран, која веке од 2014год. постои во Охрид, во нејзина сопственост и претставува значаен придонес кон континуираниот развој на македонската сцена на современ накит.

Нејзината фасцинација од основните геометриски форми и архитектонски структури ги носат минимализмот и скулптуралноста во нејзиниот израз, а од друга страна синергијата помеѓу дивата природа и урбаниот град од нејзиниот непосреден контекст ја создаваат конкретната приказна која таа ја раскажува преку својот накит.

Колекцијата ВОДА со која ќе се претстави за прв пат на Slowscapes 3 претставува уште една рефлексија на она што е нејзин предмет на инспирација и тема на истражување веќе неколку години. Многу често е присуството на водата во работата на Пејоска како дијаграм, апстрактна интерпретација или едноставно површина со сина боја. Фасцинација со овој елемент кој е и дел секојдневието на дизајнерката е претставено и во новите парчиња накит. Од линиски претстави на бранови, изведени само со сребрена жица, до цели филигрански разбранувани површини. Посебен детал во накитот е присуството на природните камења, собрани од брегот на Охридското Езеро, кои даваат поинаков израз на самото парче накит и раскажуваат една поинаква приказна за водата.

Нина Нине

Нина Нине изработува накит од инокс (медицински челик) кој ја пренесува пораката “Биди убавина, уживај во минималистичкиот дизајниран накит од медицински челик.“

Нежната прецизна рачна доработка на ова парче накит му дава меко сјаен ефект, а со комплементарноста на материјалот, дава пријатно чувство, исполување, задоволство, радост, љубов.

Aвторката Нина Нинеска која стои зад овој бренд ќе се претстави на ова издание на Slowscapes со колекцијата Simplicity.

Петел Паун

Уметничкото ателје Петел Паун под водство на Билјана Каровска во свој фокус има впечатливи, 100% органски модни додатоци кои може да се носат во различни прилики.

Секое парче што доаѓа од работилницата е интригантно обоено со природни бои добиени од цвет, семе, корки или лисја од дрвја, најголем дел одгаени во личната градина на уметницата. Процесот на екстракција на боите не вклучува никакво користење на токсични или материјали штетни по здравјето на човекот или природата. Со оглед на тоа, секој моден додаток брендиран под Petel Paun е еколошки и оддржлив.

Во склоп на овогодишното издание на Slowscapes, Petel Paun нуди колекција на Еко принт свилени марами и zero waste eко торби и цегери.
Еко принтот претставува современа апликација на традиционални, природно-добиени бои. Диверзитетот на ботаничкиот материјал искористен при ваквиот процес на креативно обојување на текстилните материјали (во овој случак свила и памук), нуди впечатлива, динамична трансформација како на текстилните материјали така и на самиот ботанички материјал. Симултано, секој материјал на свој начин реагира на овие бои, а резултира со уникатен мимезис на употребените природни материјали и генеза на динамични форми, патерни и други детали. Улогата на уметникот е да го маневрира сиот тој процес дури се дојде до задоволителен финален креативен продукт.

Еко торби и цегери zerowaste – Секое парче од овој дел на колекцијата е 100% памучен кепер. Торбите се добиени по пат на пачворк техника, или внимателна пренамена на материјали добиени од неискористени лабораториски мантили.

Секое модно парче од новата Petel Paun колекција e уникатно и автенично. Колекцијата сама по себе ги комуницира креативните потенцијали на еко принтот, а тука нема простор за добивање на идентични копии.

ЛУДУС

“Особено сме горди на третото издание на Slowscapes, изложбата која во организација и кураторство на Лудус има за цел да прикаже квалитетен, еколошки и професионален пристап во модата и дизајнот кај нас. Се надеваме на уште еден прекрасен настан и прекрасно дружење меѓу публиката и дизајнерите.“ – вели кураторот на шоурумот Драган Христов.
Лудус ќе ја претстави последната мини колекција Permanent Black II издадена по повод 10 годишниот јубилеј на брендот.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 8martovski bazar моден монитор

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

  • sienna моден монитор

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

  • ?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? моден монитор

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics