Смело стилско мешање на бои и шари среќаваме во кампањата The Atelier на холандскиот бренд Scotch & Soda, а кој што е достапен и кај нас. Манекенот Николас Риполи позира во едиторијалот за машката колекиција на брендот во забавни комбинации од строги кроеви и урбани парчиња. Некои од комбинациите се доста смели и впечатливи, како на пример, онаа со повеќебојна бомбер јакна со карирани карго-панталони и ролка во флуоресцентна боја.
Нема коментари