Светските фризери тврдат дека хит боја за 2020 е нијансата Smoky Gold (задимено златна) – темно руса коса, со златни прамени, кои можат да се обојат и на оние што имаат темна коса, но и на оние кои веќе се русоскоси. Пример за оваа боја е Натали Портман и горната фотографија скоро сите ја покажуваат на своите фризери кога сакаат да ја постигнат оваа нијанса.
Стилистите сметаа дека оваа нијанса го освежува тенот, дава преубав сјај и изгледа богато. Со боењето на прамените во потемна и боја на мед на косата ѝ се дава посебна димензија. Се користи „бајлаж“ тениката на боење, но осветлувањето на прамение не е нападно, и затоа најмногу се препорачува на жените со потемна коса. Иако фризерите ја предложија како зимска боја, се чини дека Smoky Gold бојата ќе биде популарна цела 2020 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари