Стилската ѕвезда Оливија Палермо фотографирана е во Париз во елегантна комбинација од црн капут, структурирано сако со ремен, бела блуза од тантела, трендовски војнички чизми и плисирани панталони. Комбинацијата е дел од последната ресорт колекцијата на модната куќа „Диор“, целиот изглед е шик и префинет, лесно се копира, а ни се допаѓаат панталоните кои се одлична алтернатива на плисираното здолниште.
Нема коментари