Креативниот директор на „Балман“ Оливие Рустен одлучи да ја облече својата модна армија со нови креации претставени во машката предесен 2019 колекција. Оливие се сврте кон исток за инспирација, проникна низ бучните улици на Токио преполни со неонски светла и му се посвети на современиот јапонски дизајн. И создаде бомбер јакни и маици со тигри и змејови како на старите јапонски гравури, спортски комплети со огромни шарени отпечатоци во форма на хиероглифи и со слики на феникс извезени со пулејки, и употреби џинс, кожа и сатен на некои креации.
Главните извори за инспирација на Рустен беа различни области во Токио: брзиот ритам во шопинг областа Гинза, чудните продавници и трендови на различни субкултури во Харајуку и централниот кварт Шибуја во кој илјадници светла и неонски реклами постојано се запалени. Исто така вметна и референци на Дејвид Боуви и Мајкл Џексон, на кои тој толку им се восхитува.
Нема коментари