Девет македонски уметници и дизајнери ќе ги претстават своите уникатни креации на изложбата наречена „Природба“, што на 13 декември (сабота) во 20 часот ќе се одржи во кафе – галерија „Концепт 37“. Љубителите на современиот домашен дизајн ќе може да ги погледнат: делата на графичкиот дизајнер Иван Петрушевски-Флим, авторите на накит Глигор Кузмановски, Елена Ристовска, Јасмина Главинче- WizArt, Олгица Стојковска (OSA Jewelry Design), плетените уникати на Knitten Designs, современите светилки на Modular ( Нина Нинеска), како и креациите на Натали Ристовска и Мики Стефаноски.
Ова е второ издание на „Природба“ во урбаниот скопски локал, по успешното изложување во јануари, оваа година.
Нема коментари