Ирската актерка Серша Ронан собира позитивни критики за својата улога во филмот Lady Bird, вчера ја доби наградата за најдобра женска улога според њујоршките филмски критичари (New York Film Critics Circle Awards), а познавачите предвидуваат дека следува серија на награди и веројатно номинација за Оскар. Но, за пофалба беше и нејзината модна комбинација на доделувањето на наградите во Њујорк – бело свечено сако на „Келвин Клајн“, црни панталони и чевли во боја на циклама. Стајлинот Серша го заокружи со долги обетки, залижана коса и темен кармин.
Нема коментари