Модната куќа „Кензо“ вчера го лансира новиот парфем Kenzo World, прв парфем под креативното водство на дизајнерите Керол Лим и Умберто Леон, а за промоција е подготвено и видео во режија на култниот Спајк Џонз. Заштитно лице на парфемот е Маргарет Куели од серијата Leftovers (и ќерка на Енди Мекдауел), а во триминутното видео актерката и поранешна балерина танцува на откачен начин под кореографија на Рајан Хефингтон, кој пак ја сработи кореографијата за спотот Chandelier на Сиа.
Парфемот Kenzo World доаѓа во необично шише со дизајн во форма на човечко око, а содржи ноти на амброксан, божур и египетски јасмин.
Нема коментари