• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

На тема објективност утре стартува осмата Недела на дизајн во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На ноември 20, 2018

Press conference_SDW compressed

ОБЈЕКТИВНОСТ е темата на осмото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) што се отвора на 21 ноември во Јавна соба. До 25 ноември, на најпопуларната дизајнерска платформа за афирмација на културните и креативни индустрии во регионот ќе се одвиваат шест програмски целини. Со големата изложба на земјата во фокус посебно значење се дава на Германија како велесила во дизајнот, особено во сферата на дизајн на производ. Меѓународната изложба ЕКСПО е составена од домашни производители и млади перспективни дизајнери од целиот регион кои се во потрага по производители, а присутни се и студентски изложби од две Академии за Дизајн.

За првпат од годинава, организирана е посета на фабрики за мебел со цел да се поттикне соработка со дизајнерите од други земји и компаниите.

Годинешната тема ОБЈЕКТИВНОСТ е обид да се разбие заблудата дека еден производ треба да има само атрактивна форма за да може да се изложи и продаде.

„Кога се купува еден производ, се чини дека се бира врз основа на неговата естетика, а се занемарува важноста на функционалноста, материјалите и економските чинители. Оваа година, го избравме објективното над субјективното – создадовме платформа за да демонстрираме дека при бирање на еден производ одлуките треба да се засновани пред сѐ на логичка синтеза и дека токму тоа е суштината на дизајнот – функцијата”, велат организаторите.

„Замислете да купите стол кој многу ви се допаднал поради својата форма и боја, но наслонот за грб е ужасен и секојдневно ви создава болки во грбот и сл. При избор на предмети со употребна вредност примерна е функцијата, секундарна е економската исплатливост и терцијална е естетиката”. Ова е нешто што Skopje Design Week веќе осум години се бори да го вкорени во размислувањето на публиката, додаваат организаторите.

Германија, годинешната земја во фокус, ќе се претстави со 12 светски познати дизајн студија, отворени презентации на дизајнерите, посета и соработка со производители од Македонија кои сакаат да настапат на германскиот пазар.

„Германија е моторот на Европа во поглед на индустриски развој, производство, извоз и земја број 1 во светот во организирање меѓународни саеми и поврзување на бизниси од целиот свет. Добриот и квалитетен дизајниран мебел може да има успех само ако производителот успее да го пласира на светските пазари, а она што е најтешко за најголемиот дел од македонските производители е долгорочниот пласман на светските пазари”, велат организаторите.

Меѓународната изложба ЕКСПО (EXPO) годинава ја сочинуваат 8 компании од Македонија, 15 млади дизајнери од регионот и две Дизајн академии од Белград со прототипови од маси, столови, штендери, клуб-маси, расвета, фотелји, радијатори, декоративни елементи и сл.

Ѕвезди на разновидната музичка програма годинава се српскиот музички продуцент и диџеј Марк Фанк кој ќе настапи на отворањето на 21 ноември, џез групата ЗАА (24 ноември) и хрватската диско-панк атракција „Лолобриџида” (23 ноември), а во текот на Неделата на дизајнот музика ќе пуштаат и диџеите Константин, Марко Рикалоски, Еми Ермилова, Ју-Екс, Соул Кејс, а ќе настапи и српската пејачка Бојана Вунтуришевиќ.

Гастрономските истражувања премиерно годинава се во форма на кулинарско шоу на популарниот белгиски мастер шеф Марк де Јонг од 23 до 25 ноември тој ќе готви и дизајнира храна заедно со гостите: поетесата Марта Маркоска, актерката и активистка Ирена Ристиќ и модните менаџери од Скопскиот моден викенд. На отворената сцена тој ќе им покаже неколку кулинарски трикови со цел да им ги подобри готвачките вештини, а од нив ќе учи за поезијата, еко-активизмот и модниот стил. Публиката која ќе го следи настанот, ќе ја дегустира храната на лице место.

Двете мултимедијални детски работилници, на 24 и 25 ноември, годинава се на тема „Шумски животни”. Под водство на Дора Локвенец, Марина Таневска и Тамара Димитрова, децата од 5 до 7 години ќе создаваат брошеви, бележници за книги, кутии за моливи, инспирирано од мотиви на шумски животни и со користење на рециклирани материјали.

На експерименталната работилница за дизајн на производи, која е веќе во тек до 22 ноември, македонски дизајнери и архитекти заедно со осум мастер студенти од Факултетот за продукт и моден дизајн при Универзитетот за уметност од Берлин (Univerzität Der Künste Berlin), предводени од светски познатата дизaјнерка и нивни професор, Инеке Ханс, заедно со архитектката и керамичарка Анета Поповска и виртуозот за плетење трска на разбој Петар Благојевски ќе создадат нови дизајн решенија за домаќинство и угостителство. Работилницата се реализира во керамичкото студио Липа на Матка, а сите производи ќе бидат изложени на Неделата на дизајн во Скопје.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Повеќе информации на: www.ministryofpleasure.net

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics