Променливото септемвриско време налага да ја балансираме преодната мода и да ги мешаме летните и есенски парчиња. Една таква стилска идеја го содржи летниот фустан (да, не го склонувајте од гардероберот бидејќи сè уште можете да го носите), во комбинација со сако како модно парче кое се адаптира на есенското време. Во оваа комбинација се мешаат и лесните и потешките материјали, ведрите бои со есенските неутрални тонови.
Нема коментари