Белата кошула е моден класик. Толку едноставно, но прекрасно парче облека со моќ да се комбинира на различен начин. За да се подготвите за новата сезона, пронајдете го вистинскиот модел на бела кошула – класична, волуменозна, со пуф ракави, на преклоп, со екстремно долги ракави, на врзување, и потоа спојте ја со црни панталови, молив здолниште или џинс. И секако модни додатоци кои соодејствуваат со вашиот личен стил – патики, сандали, мала чанта, златен накит, беретка, оксфорд-чевли… Ние инспирација за комбинации со бела кошула најдовме кај скандинавските ѕвезди на улична мода. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари