Во облик на палто без ракави пелерината е еден од најактуелните тренодви сезонава и дополнително ја зголемува елеганцијата и софистицираноста на жената. Ова модно парче е идеално за преодниот период од зима во пролет, кога полека ги пакуваме капутите, но не е доволно топло за шетање без јакна. Асиметричниот крој и практичноста го прават задолжително парче во женската гардероба, а може да се носи врз потопла облека, како последниот слој од комбинацијата, или врз блуза или кошула во потоплите денови. Влијателните трендсетерки и ѕвездите на уличната мода како Мирослава Дума и Оливија Палермо сакаат да го носат овој вид облека, па ни нудат мноштво инприрација во поглед на комбинациите.
Нема коментари