Како да се облечеме во лето соодветно на пригодите, личниот стил, временските услови и актуелните трендови?! Еве неколку идеи позајмени од уличната мода. Како што знаеме, белата боја е императив во летната гардероба, па добродојдени се стајлинзи со бели фустани, фармерки, кошули и маици. Ако сакате да употребите поинтензивни бои, одберете јако портокалова и жолта, или нијансите на зајдисонцето. За лежерни излегувања носете џинс шорцеви, а тренд пантални се оние со широк крој и висока половина. Еден свечен фустан секако теба да имате, па бирајте модел со светки, карнери или со впечатливи ракави. Од модните додатоци хит се шапките, како и сите детали од дрво, слама или јута.
БЕЛА БОЈА
ВПЕЧАТЛИВ ФУСТАН ЗА ВЕЧЕРНИ ИЗЛЕГУВАЊА
ЖОЛТА И ПОРТОКАЛОВА
СЛАМЕНА ШАПКА
КИЛОТ-ПАНТАЛОНИ
ТЕКСАСНИ ШОРЦЕВИ
СЛАМЕНИ, ДРВЕНИ И ЈУТЕНИ ДЕТАЛИ
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари