Ако сакате да ја издолжите силуетата и да изгледате како да сте послаби, тогаш широките панталони со висока половина се вистинскиот избор. Добрата страна е што овој крој на панталони е во мода и доминира во есенско-зимските комбинации. Се носат како дел од костими, со елегантни шанел-палта и мантили, со впечатливи блузи и ролки, а некои сакаат да ги носат вметнати во високи чизми.
Нема коментари