Не дозволувајте снегот да го смали интензитетот на вашиот стил и згрејте се на модерен начин и на ниски зимски температури. Зимското облекување се темели на слоеви од топли парчиња, а клучна улога има капутот или јакната, избор кој е комплетно ваш. Сезонава бирајте волуменозен или капут со принт доколку ви е смачено од темните и едноставни модели, а ако преферирате јакна тоа нека биде монтка или парка-јакна поставена со крзно. Или можеби ќе изберете трендовска бундичка. Потоа следат зимските чизми без кои никако нема да може да чекорите по снег, па слоеви од панталони, хулахопки, џемпери, ролки, кошули, блузи, волнени фустани… Ќебето марама, плетените капчиња, ракавиците, шапките и шаловите се детали без кои не се може в зима и често се елементите кои ја разигруваат зимската мода.
Нема коментари