• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
личен стил 0

Стилска ретроспектива на новата брачна двојка Анџелина Џоли и Бред Пит

Од stylist @StylistMKD · На септември 1, 2014

0

Десет години по запознавањето и вљубувањето за време на снимањето на заедничкиот филм „Господин и госпоѓа Смит“, девет години по официјалнато љубовно заедништво и после шест заеднички деца, Анџелина Џоли и Бред Пит конечно се венчаа на тајна свадба во својот дворец „Миравал“ на југот на Франција. Тајната венчавка се случи минатата саботата пред само 22 гости, а нивниот публицист веста за склучениот брак ја објави неколку дена подоцна. Според неофицијални извори Анџелина носела традиционален фустан, но кој го имал печатот на нејзиниот стил – едноставен, долг до земја, од свила и од старинска тантела. Исто така носела предмет што ñ припаѓал на нејзината мајка Маршелин Бертран, како и традиционален вел. Познато е дека меѓу гостите биле родителите, братот и сестрата на Бред, но не и составот на останатите присутни.  Засега има само штури неофицијални информации за тајната венчавка, но е и фотографии.

£££EMBARGOED UNTIL SATURDAY 11TH AUGUST

Анџелина и Бред тајно се венчаа во нивниот дворец на југот од Франција. Фотографии од свеченоста нема, а оваа е од избришана сцена од нивниот заеднички филм „Господин и госпоѓа Смит“ (2005) 

Стилски Бред и Анџелина се надополнуваат еден со друг. И двајцата сакаат да носат облека во црна боја. За црвениот килим Анџелина најчесто бира креации од „Версаче“ и Ели Саб, но ги сака и моделите од „Сен Лоран“ и често може да ја видите со чанта од „Луј Витон“, бренд за кој настапува како заштитно лице. Бред иако има 50 години сака младешки комбинации, бира темни нијанси и доста сива и бежова боја и често носи капче или шапка. На црвениот килим претпочита да носи свечени костуми или фракови од „Сен Лоран“ или Том Форд

2

Март 2005

Анџелина Џоли и Бред Пит за првпат се појавуваат заедно на црвениот килим, неполни три месеци по заедничката изјава на Пит и Џенифер Анистон дека се разделуваат по пет години брак. Заедно, а сепак на одредена дистанца, колку дали се избегне сомнежот дека се љубовна двојка

3

Јуни 2005

Хемијата меѓу нив двајцата веќе е забележлива за време на промоцијата на „Господин и госпоѓа Смит“

 

4

Јануари 2007

Доделувањето на Златен глобус како повод за прво појавување на црвен кимлим како двојка. Анџелина носи фустан од St. John, американски бренд што во тоа време го рекламираше

5

Мај 2007

Одличен момент од црвениот килим за време на Канскиот филмски фестивал, а Анџелина се истакнува со овој жолт фустан од брендот St. John

6

Септември 2007

Момент од појавувањето на Венецискиот филмски фестивал

7

Јануари 2008

Во раната фаза од нејзината втора бременост со близнаците Вивиен и Нокс, Џоли носи широк фустан со кафени тонови, инаку винтиџ модел од Hermes

8

 Мај 2008

Два извонредни изгледи на двојката за време на Канскиот филмски фестивал.

9

Јануари 2009

Црно-бела кобнинација од доделувањето на Златен глобус. Анџелина носи фустан од колекција на висока мода на „Версаче“

10

Февруари 2009

Расположени и насмеани на црвениот килим на наградите БАФТА, Анцелина носи црн фустан со жолти елементи од Armani Privè

11

Март 2009

Повторно во црна боја… Анџелина и Бред се фотографирани на доделувањето на „Оскар“, таа носи црн корсетиран фустан од Ели Саб и обетки кои што се нејзин дизајн, тој е во фрак од Том Форд

12

Мај 2009

На модните експерти ова им е едно од омилените појавувања на црвен килим на двојката. На Канскиот филмски фестивал во 2009 година Анџелина носи прозрачен фустан во беж боја од „Версаче“, Бред е во костум на Том Форд

13

Декември 2009

На премиерата на својот филм „Турист“ Анџелина облече необичен фустан од кашмир на „Версаче“

14

Јануари 2010

За паметење е и овој смарагдно зелен фустан од кутур-колекцијата на „Версаче“ што Анџелина го носеше на Златен глобус. Бред е во костим на Салваторе Ферагамо

15

Јануари 2012

Џоли ја продолжува серијата на фустани од „Версаче“, како нејзин моден избор за доделувањата на главните филмски награди, а овојпат носи светло розов модел со неколку впечатливи панели во црвена боја

16

Февруари 2012

На париската премиера на своето режисерско деби „Во земјата на крв и мед“, Анџелина носи бел фустан со едноставен крој, но се впечатлив горен дел со стилизиран цвет, креација на Ралф и Русо

17

Февруари 2012

Доделување на „Оскари“ и фамозмата поза на Анџелина која стана предмет на мемиња поради издадената нога на актерката. Анџелина повторно носи креација на „Версаче“

18

Јуни 2013

Футуристички изглед за Анџелина во модел на Ралф и Русо на премиерата на World War Z во Германија. Иако се работи за промоција на негов филм Бред избрал полежен стил

19

Ноември 2013

Најстариот син на Џоли и Пит, Медокс, им се придружи на предоскаровски настан облечен во фрак сличен како оној на „Сен Лоран“ што татко му го носи. Анџелина повторно е во креација од „Версаче“, црн фустан со светкави везени детали, како и накит на Роберт Прокоп, познат јувелир кој во исто време е нивен пријател и дизајнер на вереничките прстени, веројатно и на нивните бурми

20

Февруари 2014

Анџелина во ултра-шик костим на „Сен Лоран“ успешно му парира на Бред

21

Март 2014

На последното доделување на „Оскари“ актерката носеше беж фустан со светкави мониста од колекција на висока мода на Ели Саб

22

Мај 2014

На премиерата на Maleficent Анџелина изгледаше смело во овој кожен и необичен фустан од „Версаче“

Анџелина ЏолиБред ПитВерсачедвојка со стилЕли Сабличен стилОскариСен ЛоранТом Фордцрвен килим
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • irina shay личен стил

    Боја на лаванда и нагласени раменици – два тренда во еден излед на Ирина Шајк

  • 1 личен стил

    Сестрите Џиџи и Бела Хадид ги обожаваат овие предимензионирани сакоа

  • 2 личен стил

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Дами со стил на возраст над 50 години

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021
  • 0

    ПРОЛЕТНА МОДА 2021: Сакоа во стилот на иконскиот шанелов модел од букле

    април 13, 2021
  • 1 michael kors

    Бродвеј како модна писта за ревијата на Мајкл Корс

    април 12, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics