Најпопуларното сако веќе неколку сезони е предимензионираниот модел со кариран дезен, практично и модерно парче облека кое е идеално за есенските комбинации. Трендовскиот модел има и нагласени раменици, како навраќање на модата од 80-тите. Широките карирани сако се вклопуваат во различни стајлинзи, се носат со кожени или килот-панталони, со фармерки и ролка, како дел од карирано одело, со долги фустани и плисирани здолништа, со мини здолниште и високи чизми… Интересен пример е и комбинацијата на Кејт Мос, која сакото го вметнала со парчиња со ретро елементи – со здолниште, кошула и чизми во стилот на 70-тите.
Нема коментари