Оливија Палермо, која од ѕвезда на реално шоу се претвори во вистинска трендсетерка, се појави на повеќето ревии на четирите главни светски модни недели и повторно покажа дека скоро е невозможно да погреши во стилските комбинации. Од Њујорк преку Лондон и Милано до Париз, во таканаречениот моден месец Палермо направи моден маратон и успеа да склопи повеќе успешни стајлинзи, па дури и кога повторува одредени парчиња, како кожените панталони, шареното крзнено палтенце и светло синото здолниште.
Кај „Барбери“ во Лондон се појави во шарен фустан и бордо чизми, а на ревијата на „Клое“ прошета во црвена кошула и светол крзнен елек. На модната ревија на „Акрис“ дојде во покежуал варијанта од фармерки и парка-јакна, додека за презентација на “Луј Витон“ облече капут со кожени детали и високи чизми.
Зависно од естетиката на дизајнерот или брендот чија ревија ја посетува, Палермо комбинира трендовско сако без ракави, кожени килот панталони, бомбер јакна, широки фармерки, шарени крзно и најчесто омилените црни чизми до глужд.
Оливија внесува одредена смелост во облекувањето, но една од тајните на нејзиниот стил е мешањето на шари, модни детали и брендови. Па така, ќе ја видите во фустан од „Валентино“ со чевли од лондонскиот бренд Topshop, или во креација од Џамбатиста Вали со чанта од „Зара“, што допринесува за нејзиниот еклектичен, но женствен стил.
Нема коментари