• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Стилистички совети од Цаци Паковска за новогодишен изглед

Од stylist @StylistMKD · На декември 26, 2015

1 caci pakovska

Не постои жена или маж кои не сакаат да изгледаат убаво, дури и оние „незаинтересираните” се чувсвуваат убаво од комплиментите поврзани токму за нивниот изглед. Ќе признаете дека токму за Нова Година, кога масовно се слави во клуб, дискотека или интимно друшто, многупати сте се запрашале што да облечете, а сепак да се чувсвувате убаво и комфорно – тврди Цаци Паковска, долгогодишна стилистка и авторка на телевизискиот проект „Стилисимо“, која се занимава и со шминка, дизајн и уредување, и која за Stylist.mk откри неколку стилистички совети за новогодишен изглед.

1

-Вашиот изглед секако дека највеќе ќе зависи од местото каде што планирате да ја дочеката новата година. Но, како и да е запаметете дека се работи за една вечер кога не би требало да експериментирате со вашиот изглед. Задржувајќи се за вашиот личен стил, секогаш ќе биде најдобриот избор за вас, бидејќи сигурно сте забележиле дека во моментите кога саката да оставите најдобар впечаток сo вашиот изглед, е тогаш сигурнo дека нешто нема да ви појде од рака, без разлика дали е тоа облеката, шминката и фризурата. Ако сакате да изгледате свежо, модерно и да блеснете со својата убавина во текот на „најлудата ноќ” тогаш единственото правило што треба да го почитувате е „Помалку е повеќе” – вели Паковска.

3

  • Облечете фустан од природна ткаенина, заборавете на оние модели кои не ви прилегаат на телото и возраста. Понекогаш и во едноставна ролка ќе изгледате секси, само доколку знаете да ја износите облеката и да не дозволите таа да царува со вас.
  • Одберете чевли кои ќе бидат удобни и се разбира ќе бидат изработени од кожа. Заборавете на потпетиците од скај, затоа што на крајот на вечерта ќе ги киснете своите стапала во леген… сè до Бадник.
  •  Модните додатоци секако дека ќе го надополнат вашиот изглед, затоа накитот нека биде одбран со вкус. Ако се двоумите помеѓу неколку модели, подобро не ставајте ништо на себе, отколку да натрупате било што. Ако веќе мора да одберете некаков накит, тогаш тоа нека биде нешто едноставно и префинето. Заборавете на светкавата бижутерија…

2

  • Направете ја онаа фризура што ја правите и во текот на целата година, чиста, средена и едноставна. Во предвид доаѓа и собраната коса, но не претерувајте со лакот за коса и никако не додавајте “интересни” ластици за коса.
  •  А шминката… е тоа е нешто што најмногу може да ве разубави или пак огрди. Кожата мора да дише, не претерувајте со пудрата. Ако одлучите да ги истакнете очите, тогаш заборавете на темниот кармин. Безбојниот сјај за усни во овој случај е најадекватен. А ако сакате вашите очи да бидат минимално нашминкани, тогаш сте го направиле вистинскиот потег. Ќе зрачите со својата убавина во моментите кога другите ќе имаат размачкана шминка во раните утрински часови.
  • И запомнете ништо не е подобро од вашата насмевка и доброто друштво, затоа уживајте во забавата и помалку експериментирајте со вашиот изглед… Помалку е повеќе….

4

5

6

7

8 

новогодишен изгледстилистички советиЦаци Паковска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics