Како што изминува летото доаѓа време да се сконцентрираме на есенската мода, а од брендот „Страдивариус“ доаѓаат првите креации за претстојната сезона. Во фокусот се цветните фустани и костимите во пастелни нијанси. Овие модни предлози се идеални за преодот од лето во есен. Цветниот фустан е она модно парче што го носиме преку целата година, а на есен го комбираме со јакни и соодветни обувки како патики и чизмички. А костимот со панталони е тренди комбинација, која си го најде местото и во младешкиот стил.
Нема коментари