Модните парчиња од вештачка кожа ја имаат главната улога во новата есенска колекција на брендот „Страдивариус“. Од екокожа направени се бројни креации – плисирани здолништа, класични моторџиски јакни, тесни, но и треновски широки панталони, здолништа со мини и миди крој, корсети… Кожените парчиња продонесуваат за рокерски стил како предлог за оваа есен, а покрај црна кожа, има модели и со кожа во зелена и бордо боја.
Нема коментари