• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Стратегијата за намалување на штетите од тутунот одличен начин за превенција на болестите врзани за пушењето – смета лекарската фела

Од stylist @StylistMKD · На септември 17, 2020

Naslovna-fotka

Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за појава на одредени болести кои доведуваат до смртни последици. Болестите до кои доведува пушењето сепак не се врзани за никотинот, кој како природна состојка го има во тутунот и кој е високо зависен, но некарциноген, туку со тутунскиот чад.

Со оглед на фактот дека откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај сите зголемувања на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртеа кон Стратегија за намалување на штетата од тутунот. Односно, кон промоција на употреба на иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите. На овој начин возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје.

Со овој начин на справување со заканата од пушењето и тутунскиот чад се согласува и медицинската фела која на оваа тема дискутираше на неодамнешната конференција „Tobacco Harm Reduction Media Meeting” која на 10 септември се одржа во главниот град на Бугарија, Софија.

Според Дејвид Кајат, специјалист онколог, професор на универзитетите во Париз и Хјустон и еден од изработувачите на француската Национална стратегија за контрола на ракот – и покрај сите напори направени за борба против ракот на глобално ниво, пушењето, интензитетот и долгото траење на изложеност на канцерогени материи предизвикани од согорувањето на тутунот сепак претставуваат огромен ризик за оваа болест.

Dejvit Kajat

ДЕјвид Кајат

„Од чадот кој се создава со согорување на цигарите се изолирани преку 7000 хемиски соединенија, 90% од нив токсични и штетни. Односно, околу 80 соединенија кои ги содржи чадот се докажано карциногени или потенцијално карциногени. На температура до 350 степени целзиусови нема согорување на тутунот, додека над  350 целзиусови степени листовите од тутун согоруваат, а со горењето започнува формирање на карциногените соединенија. Колку повеќе сте изложени на карценогени соединенија, толку е поголем ризикот за развој на рак“, објасни светски познатиот онколог.

Сепак, како што рече тој, откажувањето од пушењето оди многу тешко, што е потврдено со многу студии. Пушачите прават меѓу 6 и 30 обиди за откажување од пушењето и истите, се разбира најчесто се неуспешни. Дури 64% од пациентите кои имаат дијагностициран канцер продолжуваат да пушат. Затоа, како што вечи тој, она што може да го направиме е да се обидеме да го намалиме ризикот од навиките, т.е. да се намалат штетните последици, за оние кои не можат да се откажат од самата навика. Кајат потсети дека Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА), минатиот месец ја објави одлуката IQOS да може да се класифицира во категоријата производи со модифициран ризик и дека по направените строги анализи и преглед на научните докази, информирањето на потрошувачите за намалената изложеност на штетни материи при користење на овој уред, е во согласност со промоцијата на јавното здравје. Така, овој систем за греење на тутун официјално стана првиот и единствен електронски производ кој користи никотин, а кој ФДА го класифицираше во оваа категорија.

FDA zaklucoci

Неговиот колега, онколошкиот хирург Ефраин Камбронеро од Костарика, исто така се согласува дека е многу важно да се намали смртноста и појавата на болести поврзани со потрошувачката на тутунски производи, и тој апсолутно се залагаза Tobaco Harm Reduction стратегијата.

„ Концептот на намалена штетност од тутунот не е новитет. Систематски напори На ова поле се одвиваат уште од почетокот на минатиот век. Крајната цел на било кој пристап за намален ризик е намалување на смртноста поврзана со користењето на тутун, дури и ако не престане изложеноста на соединенијата кои ги испушта тутунот (дефиниција од Американскиот Институт за медицина во 2001 г.)“, истакна Камбронеро.

Efrein Kambronero

Ефраин Камбронеро

Тој го потенцираше фактот дека не постои апсолутно безбеден начин за употреба на никотин и изложеност на тутун, но дека ако веќе не е можно да се запре со пушење, најмалку штетно решение се т.н. „бездимни“ алтернативи.

„Таканаречените „тешки“ пушачи би можеле да имаат најголема корист од префрлувањето на производи што греат наместо да горат тутун, затоа што на тој начин можеби ќе можат да си го спасат животот. Производите каков што е IQOS содржат помалку штетни материи. Сепак, потребно е време да се видат ефектите од стратегијата за намалување на штетата од тутун. Сигурно е дека прво ќе има забележително намалување на компликации во бременоста и кардиоваскуларните заболувања, додека ќе мора да почекаме за видливи резултати во намалувањето на бројот на заболени од карцином“, истакна Камбронеро .

Rada Prokopova

Рада Прокопова

За опасноста од пасивното пушење, кое особено може да има негативно влијание врз децата и адолесцентите зборуваше др. Рада Прокопова, раководител на Клиниката за кардиологија на болницата за интерни болести во Софија.

„Пушењето е директно и 100% поврзано со оштетувањето на крвните садови, а бидејќи крвните садови се распространети низ целото тело, тоа значи дека пушењето причинува штета и на целиот организам. Кога станува збор за кардиоваскуларни болести, важно е да се напомене дека постојат ризик фактори кои се реверзибилни и нереверзибилни. Пушењето претставува реверзибилен ризик фактор, а воедно е и втор по важност фактор за појавата на кардиоваскуларни заболувања“, вели таа.

Прикопова потенцираше дека е познато дека катранот и придружните надразнувачки соединенија кои се содржат во чадот од цигарите предизвикуваат карцином на белите дробови и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), но малкумина се запознаени со фактот дека тие предизвикуваат и срцева слабост, која е поголем причинител на фатален исход, споредено со ХОББ.

„Човечкиот ум бара брзи задоволства и тоа е една од причините зошто луѓето нема да престанат да пушат. Но, тие треба да престанат да ги тероризираат сите други околу нив, особено децата, бидејќи ризиците од пасивно пушење се огромни. Важно е пушачите да станат свесни и да разберат до кој степен ги загрозуваат другите – смета Прокопова додавајќи дека затоа е важно на пушачите да им се нудат помалку штетни алтернативи.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics