Ритамот го има секаде околу нас, во природата и архитектурата, во музиката и танцот, во облици и звуци, токму со оваа инспирација студентите по моден дизајн при Технолошко-металуршки факултет во Скопје, креираа и деновиве ја одржаа традиционапната модна ревија во холот на својот факултет. Скоро 60 изгледи на темата „Ритам“ претставија студентите од студиската насока дизајн и инженеринг на облека, под водство на професорката Лидија Георгиева. „Ритамот е повторување чекор, отчукување на срцето, танц, спирални скали. Голем „бреинсторминг“ направивме за да ги поттикнеме асоцијациите и да ја кажеме нашата верзија за ритам. За првпат учествуваа сите три генерации според новата програма, а студентите од четврта година веќе покажуваат постепено изграден стил“, вели дизајнерката и професорката Георгиева за темата на која изложија студентите од втора, трета и четврта година на ТМФ.
Нема коментари