Сајтот Style.com, пионер во интернетското третирање на модата и со години виртуелна дестинација на Vogue, се трансформира во онлајн-продавница. Пред неколкугодини Style.com се одвои од Vogue и се појави во принт верзија, сега е пред уште голема промена.Откако во следните седмици ќе стане продажна платформа, се појави потреба да се зачува големата 15-годишна архива, особено делот со милиони фотографии од илјадници модни ревии од направени од 1999 година до денес. Решението е содржината да мигрира на нова дестинација – Voguerunway.com. Сајтот Style.com е покренат од страна на Condè Nast, издавачот на Vogue и на други познати списанија, а менаџментот на компанијата смета дека 300-милионската публика може да се искористи и на поинаков начин и да се привлече на купување мода преку интернет.
Нема коментари