• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Stylist.mk во Милано: Моќната жена сонувач на Луиза Бекарија

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На февруари 27, 2014

Секако дека големите реви-спектакли се интригантни и интересни, но малите камерни претставувања особено на посебно избрани локации се најчесто магични. Особено ако е тоа место од типот на музејот Багати Валсечи, кој се наоѓа во срцето на Милано и е еден од најисториските и најживописни места во Милано, сопственост на фамилијата Багати кои во својот дом од средината на 19 век го претвораат во значаен музеј со импресивна колекција на уметнички дела, мебел, и таписерии од периодот на италијанската ренесанса. И особено кога сте послужени со чаша шампањ на влезот во тој исклучителен амбиент.

Една совршена локација за доловување на атмосферата на аристократска префинетост со која дише последната колекцијата на дизајнерката Луиза Бекорија за сезоната есен-зима 2014/15, по која таа прочем е препознатлива и барана од највисоките општествени кругови, но и од безброј холивидски звезди, од Анџелина Џоли до Мадона.

Луиза Бекорија е современ романтичар која својата уметничка визија ја црпе од низата на културни искуства споена со бујна имагинација, но и својот сопствен животен стил (нејзиниот сопруг е сицилијанскиот аристократ Лучио Бонакорси). Резултатот е бајковиден исказ кој е воедно и гламурозен и елегантен и женствен. Меки нежни колорити, луксузни материјали, сензуални форми, посебни детали, комбинирано со препознатливиот екстравагантен шик оформуваат посебна аура од префинета привлечност на нејзините парчиња облека. Тоа и не зачудува ако се знае за  нејзиното искуство како кутуриер.

XMTtjbm1pX2Ntc3BpY3R1cmU7aW1hZ2U7aWQ7NTEzNzE=__W456H666R15BTRANSP___abfbb26a

Колекцијата на Луиза Бекарија за следната сезона е инспирирана од современата жена сонувач во потрагата по префинета привлечност со кутур-детали. Формите произлегуваат од точни истражувања: структурална облека со текстури која создава флуидност додека пропорциите наложуваат елеганција и самосвест. Доминантните миди и макси должини на моменти се разбиваат со мини здолништа се како говор на женственоста.

За ден, жената кај Луиза Бекорија преферира здолништа и палта, убави принтови и украсени свилени сатени. Твидот во меѓувреме е збогатен со вметнати детали и сјајни апликации. Техничките ткаенини како „алкантрара“ стануваат се помодерни благодарение на тридимензионалните апликации.

Фустаните во пудрести нијанси играат помеѓу светлото и сенките со плисе-ефект исцртувајќи нови силуети. Коктел фустаните се исполнети со светлина со филигрански тантели – реминисценција на скапоцените златни уметнички дела од ренесансата. Во појавата на вечерните изгледи, формите стануваат уште подефинирани. Жената кај Луиза Бекарија е самоуверена со романтичен дух.

Колор палетата во колекцијата е нежна: со нијанси од сива, пудресто розова, и боја на модра слива. Во вечерните комбинации колоритот од нијанса на слонова коска и крем е допрен со златно, црно и морнарско сино кое е насекаде.

Музата на оваа колекција на Луиза Бекарија е девојката сонувач, елегантна и префинета. Моделките прикажуваат везови, украси, ткаенини и кроења совршено прилагодени на фустаните. Концептот на оваа колекција е истражување на флуидната, романтична и принцовидна елеганција.

 

Крајот на ревијата се трансформира во серија на прикази во музејските соби, претворајки ги во совршени фотографски сетови. Помеѓу антиквитетната дрвенарија и скапоцените ќилими, помеѓу камините и балската соба, по ревијата моделите креираат вид на tableaux vivants (жива слика), па имате шанса сосем непосредно да ги доживеете декорациите на фустаните, скапоцените материјали и совршената изработка. И да заминете зашеметени од сето тоа заедно.

 1017570_620953354643615_1792550343_n

есен-зима 2014/15Луиза БекаријаМиланска модна неделамодна ревија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics