Во почетоток на 90-тите години, во екот на подемот на светските супермодели и на познатата ревија на Џани Версаче која уште повеќе го зацврсти статусот на неколку манекенки, во 1990 година, скоро починатиот Џорџ Мајкл ги ангажира Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел и Татјана Патиц во својот видеоспот Freedom.
Видеоспотот после повеќе од 25 години уште е актуелен и е важен модно-музички микс. „Дваесет и пет години, подоцна, луѓето што ми приоѓаат ме препознаваат и ми го спомнуваат овој видеоспот, а не насловните страници. Тоа е толку неверојатно“, изјави Линда Евангелиста минатата година.
Две години подоцна Џорџ Мајкл го снима видеото за Too Funky, повторно повика супермодели, од претходното видео само Евангелиста, потоа Ема Балфур, Надја Оерман, Ева Херцигова, Тајра Бенкс, Ема Сјоберг и уште неколку манекенки, како и актерката Рози де Палма. Џорџ во спотот глуми режисер, манекенките шетаат по модна писта, а креациите што ги носат се на Тјери Муглер.
Супермоделката Кејт Мос се појавува во спотот White Light од 2012 година. Британската манекенка можеби на времето беше изоставена во Freedom, ама конечно се појави во спот на Џорџ Мајкл.
Нема коментари