Познатиот диџеј Тиесто викендов се омажи со својата девојка, манекенката Аника Бејкс, во престижниот ресорт во футуристички стил „Амангири“, во пустината Јута. Холандскиот музичар Тиесто (50), со вистинско име Тијс Мајкл Вервест, и Аника (23), споделија фотографии на Инстаграм од венчавата пред необичен огледален алтар на отворено во пустината. Веста ја свадбата ја објави и Vogue и информира дека Аника носела венаница од Берта Брајдал и подоцна уште еден фустан од Оскар де ла Рента, а Тиесто бил облечен во одело од Том Форд.
„Амангири“ е популарен модернистички ресорт во Јута, сместен во пустина и опкружен со песочни дини и розеникави карпи. И кој се покажа како одлична локација за модернистичкиот декор на свадбата на Аника и Тиесто. Двајцата откриваат дека на почетокот на својата врска го посетиле овој луксузен ресорт и многу убаво си поминале, па немало дилема дека токму „Амангири“ ќе биде местото каде што ќе организараат свадба.
Познатиот диџеј специјално за својата свадба ја продуцира песната A Million Years, посветена на сопругата.
Нема коментари