Шарлот Газираги, ќерка на монегашката принцеза Каролина и внука на Грејс Кели, викендов се венча со Димитри Расам, продуцент и син на познатата француска актерка Карол Буке. Шарлот и Димитри во саботата, 1 јуни, прво се венчаа пред матичар во една од палатите на кнежеството Монако, по што следеше семеен ручек, а вечерта приредија свадбена забава во вилата La Vigie.
Шарлот од Монако изгледаше прекрасно во двете свадбени комбинации што ги избра. За дневниот дел од свадбата носеше мини фустан со панделки, креација на Ентони Вакарело за „Сен Лоран“. За вечерната свадбена забава таа облече бел долг фустан без прерамки од колекцијата на висока мода на „Шанел“. Посебен детаљ беше дијамансткиот ѓердан, истиот кој некогаш го носела нејзината баба – познатата холивудска актерка Грејс Кели, која што по садбата за Принцот Рение III од Монако, стана Принцеза Грејс.
Шарлот и Димитри се заедно од 2017 година и веќе се родители на синчето Балтазар. Шарлот иако е дел од кралското семејство на Монако, избра интимна граѓанска церемонија и вечерна забава, наместо официјална црквена венчавка.
Нема коментари