Декември не е само месец на празнични денови и новогодишни просави, туку е месец во кој официјално почнува зимата. Во модна смисла тоа значи период на свечени парчиња облека, кои истовремено се и топли и неопходни во студените денови. А џемперот е најтоплото парче облека, покрај капутите, јакните и другите горни парчиња. За да го задоволат моментот на свечена облека што може да се носи за денски и вечерни новогодишни забави, дизајнерите и брендовите понудија повеќе опции на светкави и елегантни џемпери. Добра опција се џемперите украсени со големи и светкави пулејки, какви што забележавме во стилот на Оливија Палермо. Камила Коељп покажува како се носи џемпер со металик финиш во комбинација со широки фармерки со висока половина. А „Зара“ има модел на тенок џемпер кој е збогатен со раскошен карнер.
Нема коментари