Дури и ако не сте љубители на светкави пулејки на очи како дел од шминката, па макар таа била вечерна и свечена, шминката составена само од „шкљокици“ изгледа доста совемено и привлечно. Ама тајната е токму во минималистичко/максималистичкиот пристап – главен збор имаат светките на очите наредени на повеќе начини, додека остатакот од лицето е во минималистички стил, без боја на усните и образите. На очите прво треба да нанесете прајмер како база, потоа додадете пигментирани светки на капакот, покрај горните трепки или во вид на испрекината линија . Може да комбинирате бои, на пример нанесете кремаста сенка во боја на индиго, а потоа врз неа напрскајте златни светки.
Нема коментари