• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
lookbook 0

Тамара Тодевска – заштитно лице на новата колекција на „Драма“

Од stylist @StylistMKD · На април 17, 2014

Повеќегодишната успешна соработка и пријателство на модната креаторка Ивана Кнез  и Тамара Тодевска деновиве продолжува со именување на и поп-пејачката  за заштитно лице на новата колекција на модниот бренд  „Драма“.  Колекцијата Submissive Dramawear  е одзив на еден дизајнер, личен моден став и можеби најблиску до интимната Ивана Кнез. Текстурата на колекцијата ја дефинираат ластици, памучно трико и жоржет.

-Сакав материјали кои ќе го заробат телото а воедно ќе му остават простор да дише, материјали кои во себе ќе ја носат контрадикцијата на самата колекција – веш со кој излегуваме во јавност, моден веш. Колецијата ја оставам отворена на квантитет, има простор за иден развој. Оваа година сите колекции ќе ги посветам на истата тема, но од повеќе гледишта, со повеќе опции, во разни форми интерпретација на денешната животна цензура- вели Ивана Кнез.

Кнез  инспирација ја нашла во медицинските помагала на Медикус, од таму произлегле корсетните поставки и поголемиот дел од официјалниот веш. Фустаните и кимоната се специфичниот дел од колекцијата кој е всушност RDT (ready to wear) наменет и за во интимни моменти и за во јавност. Изработена е во црна боја за потребите на шоурумот, но ќе постои можност за избор на поинаква боја, дури и дизајн по нарачка. Линијата е наменета  за жени со вистинска самодоверба, дефиниран стил, со изразена сензуалност и концентрирани емоции, жени сигурни во својот животен пат без разлика на целта. Знаат како да сакаат и да бидат сакани и не се плашат.

-Тамара Тодевска е вистинска дива. Ми претставува особена чест и лично задоволство што токму јас сум задолжена за нејзините трансформации во последната година. Таа е се она што една дива треба да биде, го има сиот суптилен гламур кој една јавна личност треба да го поседува, доволно е храбра за да експериментира и доволно конкретна за да знае како треба да се чувствува на сцена-додава Кнез.

Млада жена со моќен глас, исклучително индивидуален моден стил, со јасна дефиниција на тоа што е сцена а што секојдневие, беа предиспозициите што придонесоа за Тамара да стане заштитино лице.

-Убавината на оваа колекција е можноста за игра надвор од визијата на дизајнерот. На еден мој настап  облеков една од провокативните сукњи од колекцијата со туника во риги и тоа изгледаше максимално возбудливо и тотално поинаку од тоа што го претставивме во едиторијалот. Самите парчиња овозможуваат да се чувствуваш привлечно, женствено, трендовски а воедно и кул. Ми се допадна како изгледам во SUBMISSIVE DRAMAWEAR и сакам да биде дел од моето секојдневие- вели Тамара.
Соработката ќе продолжи ова лето со вториот дел од колекцијата, костими за капење и летни додатоци.


Submissive DramawearДрамаИвана КнезТамара Тодевска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hmstella lookbook

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

  • 1hm lookbook

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

  • HM lookbook

    H&M Studio SS25 колекцијата ги става жестоките костуми и облеката за одмор во центарот на вниманието

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics