• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

ТАНЦ ФЕСТ 2020: Танцов маратон со македонски и интернационални кореографи

Од stylist @StylistMKD · На август 31, 2020

Christine Bonansea

Најновото издание на реномираниот Танц Фест ќе се одржи на почетокот на септември под мотото „Потрага по допир“. Танц Фест 2020 ќе го одбележи јубилејот 30 години современа македонска танцова сцена со учество на македонски и американски уметници, со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, како и долгогодишните партнери на фестивалот.

„Исклучително сум задоволна, што и покрај целата ситуација, успеваме да го организираме Танц Фест, кој годинава ќе се одвива под мотото „Потрага по допир“ и се надевам дека нашата публика ќе ужива во современите танцови креации на македонски и американски уметници. Со цел да го намалиме ризикот од можни компликации во однос на КОВИД-19, се одлучивме за Танцов маратон, што за нас, во организација е исклучително напорен потфат, но сепак сакаме да ѝ го дадеме најдоброто на нашата публика, тука и надвор од земјава. Целата програма ќе се пренесува онлајн, во живо и сметам дека на овој начин ќе допреме и до нова, поширока домашна но и интернационална публика“, вели Рисима Рисимкин, уметнички директор на фестивалот.

Megan Bridge

Меган Бриџ

За првпат годинава фестивалот во својата програма има фокус на една земја, односно започнува со програмата „ФОКУС:САД“ во која ќе бидат претставени пет реномирани американски кореографи. Оваа програма се одржува во соработка со официјалниот партнер на фестивалот, американската фондација „American Dance Abroad“ со седиште во Њујорк и е поддржана од Американската амбасада во Скопје. Дел од кореографите ќе бидат присутни во Скопје: Меган Бриџ, танчерка, кореографка и продуцентка којa работи и твори во Филаделфија, ко-директор на „Фиџет“, платформа на која соработува и која заеднички ја развива со композиторот, дизајнер и музиколог Питер Прајс и Кристин Бонанси, американско-европска танчерка и кореограф, со дваесетгодишно меѓународно искуство во конципирање, режија и кореографија и изведување дела базирани на движење, уметнички директор на компанијата Кристин Бонанси, основана во 2010 година. Дела на познатите кореографи Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат во рамките на фестивалот онлајн.

Ударниот дел од програмата на фестивалот ќе се одржи во живо, во форма на Танцов маратон на 4. и 5. Септмеври, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена на Танц Фест 2020 во парк МКЦ, додека другиот дел публиката ќе може да го проследи онлајн, преку Јутјуб каналот на Танц Фест, а воедно и на неколку регионални и национални телевизии. Програмата на Танцовиот маратон онлајн ќе се пренесува на повеќе пунктови, портали и фондации во Европа и САД.

Стефанија Гаштарска

Стефанија Гаштарска

Манифестацијата ќе прикаже петнаест кореографии, покрај веќе споменатите американски кореографи, учество ќе земат и домашните уметници: Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска во соработка со студентите дизајнери Катерина Димитровска и Магдалена Димковска, кои костимите ги создаваат под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева, од ТМФ, УКИМ.

Танцовиот маратон ќе се отвори со јубилејната претстава на Рисима Рисимкин „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, а за првпат ќе биде прикажан и танцов филм од домашен автор – филмот „Дома“ на кореографката Адријана Данчевска, која таа го оствари во соработка со визуелниот уметник Ивана Мојсовска, и со Марко Марјановиќи Тео Ангеловскикако камермани.

Фестивалоти годинава ќе посвети внимание на најмладите, со Отворената програма – Танцуваме со Виталија, во која ќе се одржат повеќе работилници за современ танц, предводени од американските кореографи Меган Бриџ и Кристин Бонанси, кои ќе работат со професионални и полу-професионални танчери. Во оваа програма ќе настапат танцови студија од повеќе градови од земјава, а ќе биде прикажана и програмата „Во светот на американскиот современ танц“ со проекции на претстави од извонредни американски кореографи.

На отворањето на 4-ти септември, во рамките на Танцовиот маратон ќе биде доделена наградата „МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцот“ на американската танцова легенда, госпоѓа Џоан Мајерс Браун.

Оваа година, со големо задоволство, ве информираме дека престижната награда „МЕНАДА за млад уметник“ свечено ќе ѝ биде доделена на Стефанија Гаштарска, првата македонска балерина која доби професионален ангажман и стана дел од ансамблот на рускиот „Болшој“ театар во Москва.

Влезот на фестивалот ќе биде слободен, но со ограничен број на места, заради почитување на протоколите и мерките донесени од страна на надлежните.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics