• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА НА СЦЕНА: Македонско-словенечки спој за почеток на Танц Фест 2021

Од stylist @StylistMKD · На јуни 1, 2021

Жиган Крајнчан, фотограф Борут Бучо Бучинел

– Под мотото „УКРАДЕНИ ДВИЖЕЊА“, вечерва, со почеток во 21 часот, на отворената сцена во Домот на АРСМ започнува годинешното издание на реномираниот фестивал за современ танц, Танц Фест Скопје 2021! По седумнаесетти пат, публиката, љубителите на танцот и долгогодишните пријатели на фестивалот ќе имаат можност да проследат веќе традиционално квалитетна програма и богат репертоар со интернационално реномирани уметници,но и домашни кореографи и танчери.

Фестивалот ќе го отвори извонредниот танчер и кореограф Жиган Крајнчан од Словенија, со неговиот најнов проект насловен “Fusion with myself”, во продукција на ЕГЗОДОС, Љубљана, под водство на извршниот директор и продуцент Наташа Заволовшек и Борут Бучинел, дел од ЕГЗОДОС, кој се потпишува зад звукот, фотографијата, видеото и светлата или техничките елементи на перформансот. Преку оваа изведба, Крајнчан на публиката ќе ѝ раскаже интимна приказна за потрагата по изворот на самата креација, почнувајќи од зборот „ништо“ и трагајќи по создавањето наидејата, звукот, движењето и мислата.

Веднаш по “Fusion with myself”, со почеток во 22 часот, публиката ќе има прилика да ужива во премиерата на „Не ми ги допирај очите“, на кореографката и танчерка Адријана Данчевска. Кореографијата ќе биде во изведба на Дејан Битровски и Данчевска, која покрај кореографијата и изведбата е задолжена и за костимите на претставата, додека музиката е на Artefakt и Гордан Спасовски трио. „Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија, го слави животот, убавото во едноставното и гневот на постоењето. „Кога ќе ме снема, може повторно да ме заима“ – преку оваа претстава, Данчевска испраќа моќна порака, храбро задирајќи во подлабоките слоеви на општествената филозофија со идејата „следете политика и главите кон сонцето“.

На втората вечер на фестивалот, на 2 јуни, во 21 часот, во Домот на Армијата Скопје, посветена на студентите и дипломците при Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ја претставуваат новата креативна сила на современата танцова сцена кај нас, публиката ќе има можност да проследи две кореографии. „Погрешно“ на кореографот и асистент на катедрата, Адријана Данчевска, во изведба на Исидора Краљевска, Ивана Балабанова, Борис Богдановски, Викторија Коцева и Антонија Димитриевска. Потоа следи кореографијата „Јас сум, тука сум“ со која ќе дипломираат втората генерација студенти на Катедрата за современ танц при УГД Исидора Краљевска, Ивана Балабанова, Борис Богдановски под менторство на професорот Рисима Рисимкин, во соработка со стручниот соработник Анастасија Данчевска.

Инаку, годинешното издание на фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Амбасада на Кралство Холандија, Француски Институт Скопје, АРСМ, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Музеј на современа уметност, Француска Алијанса Тетово, НУЦК „Иљо Антески Смок“ Тетово, компаниите Бовин и Виталија, како и медиумските покровители радио Буба Мара, Сити Радио, Антена 5, Метрополис и Урбан ФМ.

На настанот целосно ќе бидат запазени сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид-19.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics