• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Новогодишен концерт и нова монографија за свеченото заокружување на јубилејната година на Танец

Од stylist @StylistMKD · На декември 20, 2019

28

Денеска, со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар, свечено, со голем новогодишен концерт, Ансамблот Танец ќе ја затвори јубилејната 70-та година од своето постоење. После серијата коцертни чествувања низ градовите низ земјава и меѓународните претставувања во Франција, Шведска и Австралија, „Танец” вечерва заедно со своите гости од Србија, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Коло”, ќе ја исполни сцената на МНТ со бесценетите антологиски кореографии на „Тешкото”, „Невестинското”, „Драчевка”, потоа уникатното „Старобосанско немо коло”, српските игри од Стара Планина, од Западна Србија и Босилеградскиот крај, како и повеќе оркестарски ора и песни, меѓу кои и познатото „Касапско оро”, популарните „Не стој Доне, Донке”, „Ој, Мораво” и многу други. На сцената ќе бидат над 120 учесници, а капацитетот на Македонскиот народен театар беше мал за да ги покрие со билети сите љубители на врвниот музичко-сценски фолклор. Картите за овој настан беа распродандени за само неколку денови.

21

Своевиден куриозитет на концертот е премиерната изведба на новата кореографијата со наслов „Радовишки собор” на нашиот истакнат играорец и кореограф Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на Танец” кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље”, „Кумановка”,„ Малешевка” и „Пијанец”, кои последниве години ја одушевуваат публиката дома и надвор од земјава. Блажевски подолг период го истражуваше радовишкиот регион и од собраните материјали на теренот одбра новата кореографска творба да ја темели врз изворните радовишки соборски ора „Кукурику петле”, „Ситната”, „Трченица”, „Тоска” и „Маца вода лие”, како и ороводната песна „Покрај, накрај Кате”. Во негов стил, карактеристичен и за претходните постановки, тој главно се базира врз изворните чекори на споментите ора, со вешти кореографски адаптации во духот на македонската играорна традиција.

Музичката обработка на споменатите традиционални ора му е доверена на познатиот македонски хармоникаш, композитор и аранжер Дарко Илиевски, воедно и долгогодишен знаменит член на оркестарот на „Танец”.

„Танец” во оваа важна година го издаде и своето најново ДВД издание на кое се наоѓа спектакуларниот јубилеен концерт на ансамблот кој се одржа во МОБ во јуни годинава, и кој ќе остане запаметен по спектакуларните изведби во модерниот амбиент постигнат со најновите технологии на 3Д мапирање.

11

Посебна вредност за одбележување на 70-годишнината на „Танец” има и најновата двојазична монографија, чие претставување пред јавноста ќе му претходи на вечерашниот концерт. Промоцијата е закажана во фоајето на Македонскиот народен театар, во 19 часот. Книгата „Остани во чекор” е посветена на десет антологиски кореографии од репертоарот на „Танец”, а автор е познатиот македонски етномузиколог Кирил Тодевски. Преводот на англиски го направи Марија Џонс, а издавач е Арс Ламина. Публикацијата содржи комплетни нотографии сите десет корепграфски постановки направени од Марко Коловски, а изобилува и со богат фотографски материјал од архивата на ансамблот. Нејзиниот луксузен изглед го даваат прекрасните фотографии, кои специјално за книгата и приликата ги направи познатата фотографка Маја Аргакијева.

После промоцијата следи централниот настан, двочасовниот заеднички концерт на „Танец” и „Коло”, после кој е закажан свечен коктел за учесниците, каде раководството на „Танец” , на своите вработени од ансамблот ќе им врачи јубилејни плакети за особен придонес во институцијата, кои специјално за пригодата ги изработи и ги донираше Завар Дизајн.

79970401_10218639176463369_4057494688733593600_n

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics