• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Тања Кокев претстави елегантна и романтична секојдневна мода

Од stylist @StylistMKD · На септември 11, 2015

IMG_9862

Романтична, елегантна, едноставна, пастелна и на моменти деловна, првата колекција на секојдневна облека на Тања Кокев ги поседува сите предзнаци на естетиката на нејзината модна куќа, а воведува нова приказна во работењето на „Кокев“. По деценско дизајнерско творење Кокев го отвора претапорте одделот со колекцијата Lovers за есен-зима 2015/16, што вчера премиерно ја претстави пред скопската публика преку модна ревија во магичниот простор на Куршумли ан. Стартот на ревијата го означи актерот Сашко Коцев кој напомена за соработката со Македонски народен театар и со Македонска филхармонија, проектот го спакува режисерот Дејан Пројковски, а Џијан Емин подговти и аранжира музичка селекција што мал оркестар ја изведе во живо.

IMG_9941

Колорната палета на претапорте колекцијата на „Кокев“ се чини дека е невообичаена за есенско-зимска колекција, па наместо потемни бои Кокев предлага светла сезона – бели тонови, загасити пастелни нијанси и цветен мотив. За изработка користени се луксузни ткаенини од модните куќи „Валентино“, „Шанел“ и „Армани“, а моделите се движат на линија на класика и безвременски стил. Главен мотив е да се нагласи женственоста, па силуетата е дефинирана со ремени и кроеви со висок струк. Модните парчиња имаат едноставна линија и се лесно споиви и подложни за креирање безброј комбинации. На тој начин, дизајнерката нуди комплетна низа од гардероба која може да ги задоволи потребите на модерната жената за една сезона и за повеќе пригоди и настани во нејзиниот живот.

kokevM1275 copy

Кокев во колекцијата претстави серија на капути од кашмир и алпака во светли тонови, потоа фустани во различни кроеви во кои доминираат едноставна линија, благ преклоп, цветен дезен и високи шлицеви. Дел од женската гардероба секогаш се блузите и кошулите со панделка околу вратот и сакоата од букле ткаенина. Ефектно изгледаат здолништата кроени во круг и со линии кои се повикуваат на ретро 50-тите, но и на новооткриената желба за овие модели актуелна последниве сезони. Лесно може да најдете фаворит меѓу креациите, без разлика дали е тоа мантил-фустан, блуза со нежна цветна шара, трендовски килот-панталони, класично шанел-сако во нежна палета, или некој пар чевли со машничка кои исто така го носат потписот „Кокев“. И тој фаворит да стане вашата нова класика за модерното време.

Фотографии: Ани и Дими

IMG_9888

kokevM0793 copy

IMG_9893

kokevM0992 copy

IMG_9980

kokevM0032 copy

IMG_9917

Ателје Кокевесен-зима 2015/16македонски дизајнеримодна ревијапретапортесекојдневна модаТања Кокев
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • louis vuitton ревии

    [ВИДЕО] Ревија на Луј Витон во Лувр

  • 0 интро ревии

    Патување низ времето и просторот главна идеја на Париската модна недела

  • 1 fendi ревии

    Супермоделите Наоми, Кристи и Кејт на ревија на Fendi во Париз

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • 2

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Фармерки + дамско сако

    април 9, 2021
  • belgraders in belgrade

    Инстаграм профил кој го лови автентичниот уличен стил на Белград

    април 9, 2021
  • 6

    Шик идеи за деловни комбинации погодни за променливото пролетно време

    април 8, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021
  • 1

    Јапанди најпопуларен тренд на уредување на домот

    март 23, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics