Двајцата актери со автентичен и доста непредвидлив и специфичен моден стил, внимание привлекоа со појавата и изгледот на премиерата во Кан на нивниот филм The French Dispatch („Француска газета“) во режија на Вес Андерсон. Дека се откачени и кул, секако стилски понапредни од многу други, покажаа на црвениот килим во Кан – таа облечена во колоритен модел со впечатливи златни ракави на Хајдер Акерман, тој во сребрен костум на Том Форд. Секогаш предизвикуваат со својот стил, одделно, но и сега заедно за да проектираат уште поголем и поблескав ефект.
Тилда и Тимоти се модни камелеони, носат модни пачиња кои неретко само тие може да ги „износат“ и да не изгледаат смешно, што им гарантира добро место на листите на најдбро облечени личности. Еве и како изгледаа на дневниот photocall – Тилда во син костим со изместен крој на Хајдер Акерман, Тимоти во младешка комбинација од панталони пикнати во чизми и маица со принт.
Нема коментари