Ѕвездата на филмот „Птици“ на Алфред Хичког, Типи Хедрен, има нова улога во краткиот моден филм посветен на новата колекција за накит и часовници на модната куќа „Гучи“. Осумдесет и осум-годишната актерка одлично се снајде во улогата на гатачка, која пред кристална кугла ја наговестува иднината на манекенките накитени со модните додатоци на „Гучи“.
Хедрен е дел од познатата холудска актерска династија, мајка на Мелани Грифит и баба на Дакота Џонскон. Дакота исто така соработува со Алесандро Микеле, креативниот директор на „Гичи“, и многу често носи креации на оваа италијанска модна куќа.
Нема коментари