Иако снимањето почнува во 2016, а ќе се прикажува дури во 2017 годината, фамата околу новте продолженија на Twin Peaks веќе некое време ги интригира фановите на култната телевизиска серија од 90-тите и на работата на режисерот Дејвид Линч. Новиот тизер уште повеќе ја распламнува возбудата – потсетува на измисленото гратче Твин пикс, на познатата музика на Анџело Бадаламенти, и најавува мистерија преку краткиот кадар во кој гледаме машка силуета која потсетува на таткото на Лора Палмер… Или е можеби силуетата на Дејвид Линч…
Нема коментари