Точките се еден од најомилените трендови оваа сезона и ги гледаме скоро на секој вид на облека и моден детаљ. Тие се безвремнска шара, но оваа пролет доживеаја големо оживување. Иако облеката со точки вообичаено нè потсетува на ретро-мода, оваа сезона туфните добија помодерна и поелегантна силуета. Трендот на точки често го среќаваме во лежерните модни парчиња, но го препорачуваме и во пософистицирани стајлинзи и комбинации за посвечени пригоди.
Нема коментари