Во намерата да го изгради најлуксузниот бренд на 21 век американскиот моден дизајнер во 2006 година го прошири сопствениот бренд со бјути сегмент и го лансира првиот парфем Black Orchid. Се редат повеќе парфеми и линија на шминка, а со големо задолволство ве информираме дека Tom Ford Beauty наскоро доаѓа во Македонија. Познатите парфеми на Том Форд ќе ги има во парфимеријата Anabella Beauty Spot во „Скопје сити мол“, и на една друга локација што многу скоро ќе ви ја објавиме.
Достапни ќе бидат парфемите од линијата Signature, како што е познатиот Black Orchid, чија главна состојка е поебна орхидејата која го носи името на дизајнерот, а нам ни се допадна и неговата втора верзија – Black Orchid Velvet. Доаѓа и полуксузната линија Private Blend, која содржи парфеми како Neroli Portofino, Costa Azzurra и Soleil Blanc, кои дизајнерот ги сместува во категоријата унисекс.
Том Форд, моден дизајнер, но и режисер, фотограф, архитект, некогашен креативен директор на „Гучи“ и на кратко дизајнер за „Ив Сен Лоран“, сега е посветен на сопствениот бренд, за кој креира женска, машка и колекција на очила, а дел од Tom Ford Beauty е и линијата на декоративна козметика (се надеваме дека наскоро ќе ги имаме и кармините со негов потпис кои се сметаат за едни од најквалитетните и најбараните на пазарот).
За Том Форд мирисот е повеќе од моден додаток, тој е моќно оружје за заведување кое буди емоции и сеќавања. Парфемите, особено оние од Private Blend линијата, за него претставуваат уметничко дело.
Нема коментари