• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Топ-5 модели за оваа сезона според Ана и Елена од „Скопје се носи“

Од Ана Несторовска · На декември 9, 2014

skopje se nosi ana i elena

Ана Чаловска и Елена Везенкова, кои изминативе седум месеци успешно ги „ловат“ урбаните скопски фаци и го претставуваат нивниот моден стил на сајтот „Скопје се носи“, се во фокусот на рубриката  „Стилска листа“ на Stylist.mk. Двете, поединечно, ни открија кои се петте модни парчиња без кои не можат оваа есен-зима 2014/15. Погледнете како се носат девојките од „Скопје се носи“.

 

Топ-5 на Ана Чаловска

1. Пончо

Ana-Ponco

Инспирација за пончово добив од материјалот од кој е направено, поточно сошиено. Често ми се случува да навратам во „Матекс“ и да си разгледувам материјали. Два-три ми „паѓаат“ во очи и потоа веднаш си проектирам модел за шиење. Ритуалов ме одмора. :) И сакам кога некој штоф кој е наменет за нешто засебно од облека, да го искористам за она што веќе ми е на ум. На пример, материјалот од пончово е погоден за ќебе, ама зошто па да се ограничиме? Затоа делува топло и комотно и навистина е така. Добра варијанта е кога има џебови. Во постудени денови го носам одоздола со јакна, а кога и не е така ладно го комбинирам само со џемпер или пак и сако е добра комбинација. Над фармерки, со кафени чизми со реси, на пример. Испробано.

 

2.Маица од превртена кожа

Ana-maicaod prevrtena koza

Јас ја одбрав во маслинесто зелена боја. Ми се допаѓа нејзиниот крој, напред е пократка, а назад за нијанса подолга. Добра комбинација е со црни, тесни фармерки со висок струк и бомбер јакна. А исто така и со кожно, црно здолниште.

3.Чизми

Ana -Cizmi

На нет скролајќи по еден tumblr налетав на следново: „You are either in your bed or in your shoes, so it pays to invest in both.” Од John Wildsmith е, кој е изработувач на чевли, и изјавава му „држи вода“. Една вечер имавоткритие на добар спој со хулахопки, црни, дезенирани, во штрафти,а горе во комбинација со сив или црн, лежерен блуза-фустан- Пробајте!  Четири пресудни детали: материјалот, коланот, елегантната нишка што сепак ја поседуваат. А детаљот со маскирниот принт? Ја вади картицата од паричникот, тоа е…:)  Иако се поспецифични, имаат „сто и една“ комбинација и секоја е свежа и така добро им прилега! Во глава ми се врти уште една, малку посвечена варијанта, и тоа со црвено кадифено фустанче со гол грб…непресушна инспирација се.

4.Наметка

Ana-Nametka

Наметкава ми е од Гаго (Драган Христов), од дизајнерскиот бренд „Лудус“. Моето омилено парче. Ќе се облечете покомотно, да речеме, фармерки, џемпер и кратки чизми, ќе ја натнете наметкава и резултатот е: шик и префинетост. Материјалот, повторно е од „Матекс“, и боите се мој избор и одлично се вклопија. Може да се комбинира и со кожени црни панталони, и во овој случај ми се допаѓа диво-дамскиот микс.

5.Бунда

Ana-Bunda

Кога првпат ја облеков бундата имав „напад“ од прашања: „Природна е?“ „Ауу се надевам дека е од вештачко крзно!“ – Е секако де! Едно време се зезав дека ми е од крзно од чинчила.:)  Без разлика, многу топли и оваа зима ќе ѝ ја „извадам душата“!:) А имам повеќе омилени комбинации со неа. Една од нив е со карирани, тесни панталони во темносина и темнозелена варијанта, кои имаат панк момент, со темнозелена блуза или пак темно виолетов џемпер, црни чизми или пак чевлите кои ги издвоив. Тука вклопувам и голема, металик-сива чанта.

 

Топ-5 на Елена Везенкова

1.Мартинки, Мартинки, Мартинки

Elena1

Со тој жолт конец, нема утка! Поготово ако се со челик на врвот! Знаевте дека прв пат кога излегле „мартинките“, (после Втора светска војна) поради удобниот ѓон биле особено популарни меѓу домаќинки и на продажбен попуст од 80 отсто за жени над 40 години?! И дека прототипот мартинки „Style 1460”, прв пат произведен во 1960 година во Велика Британија се произведува и ден денес?! Моите „мартинки“ личат на „пастув со педигре“. Кафени се, превртена кожа и секако, со челик. Само пробај да одиш брзо со нив, тежат еден тон! И колку се поиздраскани толку се поубави и по „мои“. Дење-ноќе ги носам. Беа последни и едвај се наѕираа од најгорниот рафт, таман колку да ми намигнат само на мене.

 

2. Кадифе

Elena2

Елек, блуза кропната, торбести панталони, наметка – од кадифе или плишани. Специфични се како материјал, а маркантни како модни парчиња. Само внимателно затоа што „знаат“ да бидат зезнати. Може и да делуваат театрално дури и гротескно или пак да не се баш ретро моментот кој посакувавте да го постигнете… Ако успеете со материјаливе тогаш сте доветен моден гуру! Јас лично не се откажувам од нив, „експеримент“ ми се уште од лани… па ако ме гледаат попреку во град, барем ќе знам зошто!

 

3.Пруги

elena3

Пруги. Бре тон, по долги ракави, по кратки, под палто под oversized џемпер, под капут, какви и во кој „облик“ и да се, задолжителни се. Моите омилени „риги“ моментално се маица што буквално ја изнудив од братучед ми – цела е дупки но ги има совршените линии! Ми кажа, „ја носам само за вежбање, кај и да е маицава ќе завршеше во канта!“ BTW, крупен е и висок 190 см, па сега видете колку е oversized маицата… ја сакам фотографијава иако маицата едвај се гледа, битно стилизирана ми е со „осмех“ :) Инаку, риги одат мнооогу добро и со шљокици! ;)

 

4.Чорапи над колена

elena4

Прв пат ги облеков неколку дена пред да наполнам 10 години. Доказ, фоткава. :) Сега ги носам со бунда, долгa под колена камел/песок боја капут, Бомбер-пумпареста јакна. Одат на било какви чевли, рамни, ниски, чизма над глужд, со или без потпетици.

 

5. Темновиолетов кармин

elena5

Темновиолетов, „мат“ кармин. Најтемен. Крај! Едно mwa на огледалото пред искачање, и чао! #selfie, журим!

 

* Бонус парче

elena6

Kaaaде без црна кожна јакна?! Нека биде најдобрата што можете да си ја дозволите, инвестиција што нема да ја жалите… Црна кожна јакна е „кул“ и „самоуверена“ и тоа се две карактеристики што автоматски штом ја облечете се проектираат и на вас колку и да не сте во тој фазон.  Ултраактуална сезонава, а всушност безвременска, црна кожна јакна е нешто што секој/а мора да има. Преку планини и мориња стигна до мене и претргав куп трауми за неа, но нели таа е кожната јакна на мојот живот.

Ана ЧаловскабундаЕлена Везенковаесен-зима 2014кадифекожена јакнамартинкиМатексмодни блогеркинаметкапончопревртена кожапругистилска листачизмичорапи над колена„Скопје се носи“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 стилска листа

    СТИЛСКА СРЕДА: Седум win win стајлинзи

  • pernil (3) стилска листа

    Учиме скандинавски стил преку четири модни комбинации на Пернил Теjсбек

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics