• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Топ-5 модни парчиња за оваа зима според Емилија Бунтеска

Од Ана Несторовска · На декември 13, 2013


Емилија Бунтеска, новинарка која при работата во телевизиски лајф-стајл магазини најмногу се задржува на културното и модното живеење, препорачува оваа зима да изберете капут со повпечатлива боја, голем шал, чизми на „дрвена“ платформа, уникатен часовник и ретро очила за сонце. Еве ги нејзините образложенија зошто се одлучи за оваа топ-5 листа.

1.Капут со интензивна боја и впечатлив дизајн

Ако „сивото“ и „тмурно“ време е една одпрвите асоцијации за зимата, тоа незначи дека таков треба да биде и доминатниот дел од палетата на бои во вашиот гардеробер. Желбата да се „развесели“ амбиентот или пак околината со својот моден став, ќе стане посебно јасна доколку интензивни и разиграни се боите на капутот или пак посебно впечатлив е неговиот дизајн. Можеби би бил доволен и самиот избор на капут во една, но исклучително забележителна боја. Сепак, ако на ова се додаде уште некој интересен детал во делот на дезенот, тогаш впечатокот ќе биде загарантирано моќен. Бидете храбри и излезете многу подалеку од сигурната зона, инаку издвојување од толпата нема! Инспиративната стилска икона Ајрис Апфел во секое време, а и во својата 92-та година од животот, сигурно топло би ја поздравила ваквата идеја!

2.Голем шал

Шалот не е само обично парче ткаенина кое има основна функција да стопли. Успехот доаѓа кога ќе гостоплите сопствениот моден идентитет со интересен избор. Волуменозните, односно оние шалови кои не мора да се шарени, но добро би сесместиле во категоријата „големи“, се опција која освен што ќе вестопли, ќеви помогне и во дефинирањето на модниот израз. Важно е помеѓу бојата на шалот и бојата на косата да постои некаква магична привлечност. Па така на пример, „џинџер“ девојките одлично би се согласувале со шал во боја од зелениот дел на палетата.

3.Чизми на „дрвена“ платформа

Нека бидат во вашата омилена боја или форма, нонекабидатна „дрвена“ платформа или висока потпетица.  Дрвото скоро без исклучок во низата, дава некој посебно интересен шмек во изгледот на обувката која малку асоцира на ретро, но во исто време и во иста доза, зборува за безвременска актуелност. Често прилега фантастично на комбинации со„винтиџ“ допир во својата основа, но ваквата платформа е исто така одличен „партнер“ и на џинсот, а во зависност од обликот и материјалот на останатиот дел, ваквите чевли би влегле во игра и кај поелегантните варијанти.

4.Уникатен часовник

Ако само едно парче накит може да развесели цела модна комбинација, тогаш оваа сезона имајте ги предвид часовниците. Но оние соуникатен дезен, кои се забележуваат на вас уште во првите неколку секунди. Тие што се малку, или пак уште подобро, многу подалеку од стандардните дизајни и облици, се единствените кои би порачале дека часовникот е многу повеќе од обичен мерач на времето. Ако самиот часовник не е доволно впечатлив, тогаш додадете му квалитетна доза на привлечност со тоа што ќе го комбинирате со интересни алки.

5.Ретро очила за сонце

Бидејќи и зимата може да се пофали со сончеви денови, вие бидете подготвени да се „пофалите“ со интересни очила за сонце кога ќе дојдат тие денови. Ретрообликот, а посебно оној „мачкестиот“ може да се адаптира на повеќе различни модни ставови. И додека стилот на рамките го задржувате во овие „рамки“, дозволете си експериментирање на тема- бои. Помогнете му на сонцето да го разведри зимското сивило!

Емилија Бунтесказима 2013капуточилачизмишал
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 9 стилска листа

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

  • stradivarius (7) стилска листа

    Девет романтични и бохо фустани од Stradivarius за долго топло лето

  • 3 стилска листа

    Седум идеи со широко карирано сако

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics