Пет години по смртта на модниот дизајнер Карл Лагерфелд Disney+ ја најавува својата најнова оригинална серија која ќе нурне во светот на модата, гламурот и интригантните личности додека го истражува животот и кариерата на еден од највлијателните модни дизајнери на 20 век, Карл Лагерфелд. Серијата, насловена Becoming Karl Lagerfeld („Да се стане Карл Лагерфелд“) има шест епизоди и ја следи животната приказна на Карл од раните денови на кариерата до врвот на славата. Карл го слуми Даниел Брил, а еве го и првиот трејлер како најава за серијата.
Низ шесте епизоди, ја следиме приказната за кариерата на Лагерфелд, но ќе зборува и за неговата интимна страна. Приказната започнува во летото 1972 година, кога Коко Шанел умира. Во модниот свет доминира Ив Сен Лоран, но Карл Лагерфелд има големи амбиции за себе. Тој мора да се справи со ривалството со парнерот на Сен Лоран, Пјер Берже, заслепувачкото влијание на париската мода и трагичната романса со Жак де Башер. Лагерфелд не е само иконска фигура, туку и сложен и мистериозен човек кој се најде во исцрпувачкиот свет на големите модни куќи.
Нема коментари