Овој викенд, 3 и 4 ноември, Боттега Евенти го организира третото издание на Skopje Whiskey Fest, во хотел Мериот, со почеток од 18:00-00:00.
Ова е досега можеби и најбогатото издание на фестивалот со преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, а кои посетителите ќе можат да ги дегустираат во текот на двата фестивалски дена. Освен виски дегустации, на Skopje Whiskey Fest посетителите ќе имаат можност да дегустираат и останати производи кои се комплементарни со овој пијалак.
Исто така во склоп на фестивалот се организирани и посебни мастер класови кои ќе ги одржат регионални бренд амбасадори на виски брендовите кои за оваа прилика сепцијално допатуваа во Скопје. Организаторот подготви внимателно одбрана музичка програма за петок и сабота. Петок e ден за блуз, а сабота е ден за рок.
Предвидени се и останати хедонистички активности, како што е Сензорната соба, каде што посетителите ќе можат да ги разбудат сите сетила.
За прв на на Skopje Whiskey Fest ќе има и организирани натпревари за професионалци и публика. Во петок ќе биде натпреварот за бармени, односно натпревар за главните протагонисти на овој фестивал кои стојат зад виски пултовите и ја пренесуваат приказната за виски брендовите. Тие ќе се натпреваруваат во правење на најдобар Whiskey Sour. Во сабота организаторот Боттега Евенти ќе ја вклучи и публиката во забавен виски натпревар – Whiskey Blind Tasting.
Фестивалот ќе биде затворен со веќе традиционалната хуманитарната аукција на отворени виски флаши – „Последен дегустатор“. Сите средства од аукцијата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.
Нема коментари