Во еден ден, со една чанта, модната икона Џесика Алба претстави три непогрешливи и инспиративни стајлинзи. Актерката, која деновиве престојува во Њујорк за промоцијата на новото продолжение на филмскиот серијал „Град на гревовите“, црно-белата „фарида“ чанта од змиска кожа, со потис на Кристијан Лубутан, ја искомбинира во две елегентни и чик варијатни и една бохо-кежуал верзија.
Луксузниот модел, вреден 2.300 долари го носеше закачен на својот багаж уште кога долета во Њујор во понеделникот. На себе имаше т.н. пижама-панталони со црбо-бели пруги, комбинирани со бела маица со принт и црно палто. Бохо-стилот го заокружила со еспадрили со дебел ѓон.
Алба беше „уловена“ како излегува од Trump Soho Hotel со истата чанта, но овој пат во ретро-елегантна варијанта, во стилот на 70-тите годни, со бели широки панталони со висока половина, споени со широка кошула со линии. На нозете имаше кремасти чевли со висока платформа.
Третата комбинација со чантата е едноставна но ефетивна: краток топ со пруги комбиниран со широко здолниште во мандарина боја и црни шик-чевли со висока потпетица и украс на предниот дел. Сите три комбинации беа проследенисо едноствна шминка и фризура и дисретен накит.
Нема коментари