Дизајнерските проекти на македонските дизајнерки Ема Николова, Ена Зафировска и Натали Ристовска се меѓу најдобрите на конкурсот Young Balkan Designers: New Analogue (Млади балкански дизајнери: Новото аналогно), во конкуренција од 136 проекти од 13 регионални држави. После првата рунда на објавување победнички проекти, Balkan Design Network ги прогласи и десетте најдобри меѓу кои е и дизајнерката и архитектка Ема Николова која учествуваше со {trikoN} и присуствуваше на самото доделување.
Зафировска, која се занимава со моден дизајн се претстави со проектот „Од традиционално до модерно“, а Ристовска со проектот „Лито“. Темата на годинешниот конкурс е „Новото аналогно“, која ги истражува начините на кои Балканот може да ги афирмира вредностите на сопствените културни добра. Нивните и делата на другите балкански дизајнери беа изложени во галеријата Mixer House за време на време на одржувањето на фестивалот „Миксер“ во Белград. (К.Т.)
Нема коментари