Win Music Freedom со задоволство ви го најавува концертот за светски познатиот електронски бенд GusGus, закажан за вечерва, 22 април, од 22.59 часот, во петтата хала на „Скопски Саем“.
Ви издвојуваме три причини зошто да бидете дел од шоуто:
1. GusGus постојат повеќе од 20 години и се уште се водечки електронски бенд кој е жанровски шаренолик, а нивните експериментални звуци секогаш нови и свежи. Нивниот уникатен прогресивен стил измешан со мрачни текстови ги прави неодоливо добри.
2. Во желбата оваа ноќ да ја направиме уште по впечатлива, атмосферата ќе ја загреат миленикот на скопската публика DJ Зоки Бејбе и авангардниот електронски бенд „Кантон 6“ со настап во живо.
3. По настапот на GusGus ќе се забавуваме со live извездбата на Mathew Jonson со кого и ќе го дочекаме утрото.
Овој голем настан е само уште една најава на уникатната музичка приказна за паметење на Win Music Freedom.
Нема коментари