Постојано се фасцинираме од тоа колку се функционални и рафинирани скандинавските апартмани. Во овој напис се сконцентриравме на дневната соба, како просторија која што најмногу ја употребуваме во текот на денот и во која е пожелно да се чувствуваме пријатно. Овие фотографии можат да ви послужат како инспирација за уредување на вашата дневна соба, а скандинавскиот стил нуди повеќе свежи декоративни идеи кои што се лесно изводливи. Од живописни ентериери и мебел во јаки бои, до едноставен, но крајно функционален декор, овие соби имаат силен визуелен ефект. Централно место има софата која секогаш е удобна за пријателски средби, потоа тука се традиционалните камини, симпатичните агли со фотелја наменети за читање книга, украсните светилки и шарените перничиња како некои од елементите што го раздвижуваат просторот. Без разлика колкава е квадратурата на скандинавските станови, дневната соба секогаш има големи прозорци и убави цветни аранжмани. Уживајте во изборот и пронајдете неколку идеи што може да ги аплицирате во вашиот стан.
Нема коментари