Популарниот шведски моден бренд H&M има и своја линија за декорирање на домот, за ова лето H&M Home нуди колекција која се базира на ултимативната летна инспирација – тропскиот стил. Шара на егзотични растенија, живи тропски бои, прозрачни тканенини, но и земјени тонови, летните парчиња се поделени во две линии. Tropical Touch повикува на егзотика и на летен одмор со своите шари и нијансите на зелена, розова и сина. Нуди постелнина, чаршави, пернички, пешкири во тропски бои кои ќе го разиграат домот и вашиот двор. Линијата Calm Serenity се базира на смиреност, земјени тонови и суптилни сафари референци преку ленените чаршави и перници, дрвените чинии и сламените корпи. Доминираат белата, црната боја и кафените нијанси.
Нема коментари