Британската манекенка и актерка Агнес Дејн се венча со менаџерот Џоел Мекендрју облечена во фустан од бел тул и со постава во боја на праска на дизајнерката Моли Годард. Изгледот го дополни со чевли во тиркизно-азурна боја, а во слични тонови беа и детали на Џоел. Нејзиниот бидејмаер се состоеше од оридеи и класје пченица. Целиот изглед на Дејн беше бајковиден и необичен, но и непретенденциозен во исто време. Интимната церемонија се одржа во Бруклин Хајтс во Њујорк, во кругот на најблиските, а меѓу гостите бил и нејзиниот близок пријател дизајнерот Хенри Холанд.
Дејн во минатата декада беше една од најбараните манекенки, а подоцна почна да се занимава со актерство. Лани се разведе од актерот Џовани Рибиси.
Нема коментари